Бошњачки фудбалер избркан од српски клуб поради величење на Ратко Младиќ

Поради величење на осудениот за воени злосторства поранешен воен командант на босанските Срби, генералот Ратко Младиќ, фудбалскиот клуб Модича, поранешен првак на БиХ денес член на пониска лига во Република Српска, го протера од клубиот фудбалерот Белмин Халиловиќ.

Дваесетгодишниот дефанзивец на 10-ти јуло го потпишал договорот со Алфа Модрича, а веќе следниот ден на интернет е поставен скриншот од негова порака на Facebook во која во маичка со мотиви на Република Српска на соговорникот му пшорачиува „да живее Ратко Младиќ“, и по само четири дена доби раскинување на договорот.

Оваа вест предизвика голем изненадување не само во спортската јавност, бидејќи незапаметено е во НиХ спортост од бошњачка националност да велича осуден воен злосторник кој се смета за најодоговорен за военото злосторство во Сребреница.

„Поради кршењето на клупската дисциплина и нанесување штета на угледот на клубот, Модрича се реши да го раските договорот со годинешното засилување Белмин Халиловиќ. Клубот се оградува од овој и слични случаи, и од своите членови бара исклучива да се насочат на спортот и професионалните обврски во фудбалот“, ја појаснија својата одлука од клубот Алфа Модрича.

Младиот фудбалер Белмин Халиловиќ во вторникот за сараевскиот портал Klix.ba појасни што точно се случило.

„Виновен сум и се извинувам на сите кои сум ги навредил со оваа несолена шега. Грдо е тоа што го сторив, но навистина нокогаш не сум имал дамка во својата кариера и не можам да верувам што ми се случува. Пријателот ме предаде за пари. Секогаш се шегувавме, тој, на пример, како Србин ја пееше песната на Халид Бешлиќ ‘Сараево, граду мој’, но ако тој мене му го уништи животот, јас не сакам нему. Кога станува конкретно збор за ова, тоа беше интернет шега. Тој мене ми испрати нешто во врска со Насер Орлиќ (воен командант на Сребреница – з.р.) и во продолжение на шегата јас нему му го испратив ова за Ратко Младиќ“, вели Халиловиќ за порталот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.