Бошко Ѓуровски ќе се бори за мандат во српскиот парламент

Поранешниот фудбалски репрезентативец и селектор на Македонија, Бошко Ѓуровски започнува политичка кариера во Србија. Легендарниот играч на Црвена Звезда ќе биде кандидат за пратеник во српското Собрание од колацилијата „Здрава Србија и подобра Србија“.

Ѓуровски верува дека може да направи многу за да го подобри спортот во Србија, најмногу поради неговите искуства во странство.

„Цели 20 години работев во Швајцарија и Јапонија, најорганизираните земји во светот и тоа искуство ми дава за право да можам да учествувам во кампањата за подобра и поздрава Србија“, изјави Ѓуровски, кој напомена дека ќе се залага за заштита на животната средина и за унапредување на училишниот спорт.

Во својата фудбалска кариера Ѓуровски играше само за два тима, за Црвена Звезда цели 12 години и за шварцарски Сервет од 1989 до 1995 година. За репрезентацијата на Југославија запиша четири настапи, додека македонскиот дрес го носеше седум пати и постигна три гола.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.