Босна и Херцеговина добива нов ракометен селектор

Според информациите на босанскиот портал „Спорт 1“, машката сениорска репрезентација на БиХ ќе има нов селектор, а тоа ќе биде некогашниот репрезентативец на Југославија и Хрватска, Ирфан Смајлагиќ.

Искусниот стратег во следниот период би требало да го преземе кормилото на босанската репрезентација, со цел остварување подобри резултати во следните квалификациски циклуси.

Смајлагиќ, кој во својата тренерска кариера беше селектор на младинските репрезентации на Хрватска, работеше и како тренер во екипите на Босна Сараево, Замет и Локомотива Загреб