Бошњаковски: Рашковски има два доктората

Владата застана во одбрана на генералниот секретар, Драги Рашковски, кој лажел во своето ЦВ дека има два доктората, за што беше обвинет од Димитар Апасиев од Левица. Според него, Рашковски во своето ЦВ кое е објавено на страната на Владата пласирал лажен податок за своето образование.

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски има одбранет докторат, поднесен докторат и тој има завршен докторат. Вториот докторат исто така му е завршен. Генералниот секретар е именуван функционер во Владата и не постојат погрешни инфромации на вебот, изјави владиниот портпарол, Миле

Два дена откако во јавноста се откри дека Рашковски нема два доктората како што навел во својата биографија, податоците на сајтот на Владата не се сменети. Таму и натаму пишува дека Рашковски на „Правниот факултет се стекнал и со два доктората насловени: „Остварување на формите на непосредна демократија со помош на информатичката технологија“ и „Дигитализација и автоматизација на комуникацијата на граѓаните со јавната администрација (со систем за дигитално комуницирање со јавната администрација“).