Бостон го згази Бруклин, Дончиќ незадржлив за Јута (ВИДЕО)

Бостон го совлада Бруклин со 116-112 на гостински паркет и со максимални 4-0 го елиминираше ривалот од првата рунда од плејофот во НБА-лигата.

Џејсон Тејтум постигна 29 поени, а Џејлен Браун имаше 22 во редовите на Селтикс. Кевин Дурент имаше 39 поени за Нетс, а Сет Кари и Кајри Ирвинг постигнаа 23, односно 20 поени.

Далас ја прегази Јута со 102-77 за да поведе со 3-2 во меѓусебната серија. Лука Дончиќ беше незадржлив со 33 поени и 15 скока, додека Џејлен Брансон реализираше 24. Кај Џез најдобар беше Џордан Кларксон со 20 поени.

Филаделфија водеше со 3-0 против Торонто, но сега резултатот е 3-2, откако Репторс утринава славеа со 103-88 на паркетот на Сиксерс. Паскал Сијакам со 23 поени и 10 скока беше најдобар кај победничкиот состав, а Жоел Ембид со 20 поени и 11 скока најмногу се истакна кај домашниот тим. Следниот шести натпревар се игра во Торонто.