Бостон му го нанесе првиот пораз на Милвоки

Џоел Ембид реализира 41 поен и 13 скока во победата на Филаделфија над Лос Анџелес Клиперс со 122:113 во средба од регуларната сезона на НБА.

Ова е шести натпревар за Ембиид од почетокот на сезоната, во кој тој бележи барем 30 поени и 10 скока.

Бен Симонс додаде 14 поени и 11 асистенции за успехот, а Филаделфија има пет последователни домашни победи од почетокот на кампањата.

За Клиперс, Лу Вилијамс се истакна со 26 поени, а Данило Галинари постигна 25. Тобајас Харис заврши со 24 поени.

Бостон пак му го нанесе првиот пораз за сезоната на тимот на Милвоки, откако го совлада со117: 113.

Кајри Ирвинг постигна 28 поени, шест од нив од линијата за три поени, а Бостон заврши со рекордни 24 тројки во мечот.

За Милвоки, Јанис Антетокунбо се врати во игра откако пропушти еден натпревар и беше најкорисен за Бакс со 33 поени и 11 скока.

 

Резултати од НБА:

Филаделфија – Лос Анџелес Клиперс 122:113

Кливленд – Денвер 91:110

Шарлот – Оклахома Сити 107:111

Атланта – Сакраменто 115:146

Бостон – Милвоки 117:113

Портланд – Њу Орлеанс 132:119.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.