„Бостон“ подобар од „Милвоки“ по продолженија, „Пејсерс“ со брејк во Кливленд

Кошаркарите на „Бостон Селтикс“ успеаја да го скршат отпорот на упорната екипа на „Милвоки Бакс“ во триумфот во првиот меч од плеј-офот со 113:107 по продолжетоци, а „Кливленд Кавалирс“ беа изненадени од „Индијана Пејсерс“ со 80:98 исто така на стартот од доигрувањето.

Завршницата на натпреварот во Бостон беше вистински трилер, откако домаќинот при резултат 96:96 имаа напад на 10 секунди пред крај, топката уфрлена од аут ја прифти Розие и со неверојатен дриблинг се ослободи од ударот и погоди тројка за големо славје во „ТД Гарден“. Но публиката кратко се радуваше. Останаа уште пет стотинки до крајот, топката по уфрлувањето од страна дојде во рацете на Крис Мидлтон кој погоди од 8 метри зза 99:99 и за продолжение.

Во дополнителните пет минути подобро се снајдоа домаќините и славеа со 113:107, а најефикасен во „Бостон“ беа Ал Хорфорд со двоен учинок од 24 поени и 12 скока и Розие со 23 коша.
Кај „Милвоки“ најефикасен беше Адетокунбо со 35 поени и 13 освоени топки, како и Мидлтон со 31 поен.

Во вториот меч.„Кливленд“ пред своите навивачи беше поразен од „Индијана“ со убедливи 98:80 во првиот меч и така веќе во првиот дуел ја изгуби предноста на домашен терен. Ова е прв пораз на Леброн Џејмс на стартот на доигрувањето од 2012 година. „Индијана“ уште од старт тргна фуриозно па по првите 15 минути водеше со 33:14 и не ја испушти победата. Најефикасен во „Пејсерс“ беше Виктор Оладипо со 32 поени, а Бојан Богдановиќ со 15 коша. Кај домаќините најдобар беше Џејмс кој за 44 минути забележа трипл-дабл со 24 поени, десет скока и 12 асистенции, но со 0-4 обиди за три поени, како и 7-17 за два поени.