Бостон поведе со 2-0 во дуелот со Индијана

Кошаркарите на Бостон Селтикс ноќта кон четвртокот на својот паркет со 99:91 беа подобри од Индијана Пејсерс и поведоа со 2-0 во серијата до четири победи во порвиот круг од разигрувањето во НБА лигата.

Индијана на 11 минути пред крајот имаше предност од 12 поени (82:70), но до крајот Бостон направи серија 29:9 и така ја одбрани предноста на домашниот терен, во прв ред благодарејќи на Кајри Ирвинг кој постигна 37 коша со 7 асистенции и 6 скокови. Кај Индијана, пак, најдобар играч беше Бојан Богдановиќ со 23 коша, 8 скокови и 4 освоени топки.

Серијата сега се сели во Индијанаполис, каде првиот од двата натпревара ќе се одрига ноќта кон саботата во 2,30 часот по средноевропско време.

И Милвоки Бакс кои беа најдобрата екипа во основиот дел од сезоната, водат со 2-0 во серијата против Далас Маверикс. Бакс во вториот меч на својот терен славеа со 120:99.

Во Западната конференција на половина од пласманот во вториот круг стасаа Хјустон Рокитс кои дома со 118:98 ги надиграа Јута Џез и дојдоа до водството од 2-0 во серијата.