Ботас ќе страртува од пол-позицијата во Остин, Хамилтон дури петти во квалификациите

EPA/JOSE MENDEZ

Финецот Валтери Ботас од тимот на „Мерцедес“ ќе стартува во неделата од челната позиција во трката за Големата награда на САД во Остин, откако во саботата имаше најдобро време во квалификациите, додека неговиот клупски колега кој може уште сега да ја потврди титулата беше само петти.

Втор во квалификациите беше Германецот Себастијан Фетел од „Ферари“, а трет Австралиецот Макс Верстапен од „Ред Бул“, додека на четворото место беше вториот пилот на „Ферари“, Мишел Леклер од Монако.

Ботас е единствениот кој може да му се закани на Хамилтон во освојувањето на шестата титула светски првак во класата Формула 1 веќе во Остин, но за да го оствари тоа мора да победи в недела, а Британиецот не смее да биде подобро пласиран од осмото место.

Хамилтон води во генералниот пласман со 363 бодови, Ботас е втор со 289, Леклер е трет со 236 а четврти е Фетел со 230 бодови.