Ботас на пол-позиција за ГН на Русија

Пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас ќе стартува од пол-позицијата на трката за ГН на Русија, која се вози на патеката во Сочи. Финецот заврши со време 1:31.387

Веднаш до него на стартната линија ќе стартува неговиот колега и главен конкурент за овогодинешната титула, Луис Хамилтон, кој заостана само 0.145 секунди од денешниот победник.

Двојката на Ферари, Себастијан Фетел и Кими Раиконен ќе стартуваат веднаш зад нив, а Германецот, кој се уште е во борбата за шампионската титула, доцнеше над половина секунда зад „сребрените стрели“.

Во топ 10 се пласираа уште Магнусен, Окон, Леклер, Перез, Грожан и Ериксен.

Стартот на трата е утре (недела) од 15 часот