Ботас победи на последната трка во сезоната во Ф1

Финецот Валтери Ботас од тимот на „Мерцедес“ е победник на последната трка од Светското првенство во Формула 1 која се возеше во неделата во Абу Даби.

За Валтери Ботас ова е трета победа во кариерата, а сите три ги оствари оваа сезона. Првата ја освои за големата награда на Русија, а втората во Австрија.

Финецот стартитуваше од првата позиција и водството го задржа до крајот на трката. Второто место го освои неговиот клупски колега од „Мерцедес“ и новиот светски шампион Британецот Луис Хамилтон, а трет беше Германецот Себастијан Фетел од тимот на „Ферари“.

Трката за титулата во генаералниот пласман кај пилотите беше решена уште пред еден месец, а во последната трка се одлучуваше за второто мести. За местото вицешампион се бореа Ботас и Фетел а иако славеше Финецот, тоа не беше доволно бидејќи Германецот беше трет и на крајот го освои второто место во генералниот пласман со 12 бодови предност пред Ботас.

Хамилтон ја заврши сезоната со 363 бодови, Фетел е втор со 317, а Ботас собра 305 бодови.

Меѓу конструкторите, пак, титулата ја освои „Мерцедес“ со 668 бодови, пред „Ферари“ со 522 и „Ред Бул – Тах Хеуер“ со 368 бодови, речиси двојни повеќе пред четвртопласираниот „Форс индија – Мерцедес“.