Божикни и новогодишни каланди пред Владиката и Старец г. Партениј Игумен Бигорски (ВИДЕО)

Каланди испеани пред Владиката г. Партениј, братството и сестринствата беа изведени неколку бадникарски и новогодишни песни, т.н. каланди, коишто се пееле во периодот од Рождеството Христово – Божик, па сè до после Обрезанието Христово и Новото лето Господово.

Со благослов и со огромна поддршка и соработка од страна на Епископот г. Партениј, досега се возобновени или воскреснати повеќе древни божикни и новогодишни каланди.

Дел од нив потекнуваат уште од византиско време, од ромејската култура и цивилизација чиј дел и наследство сме и ние, а дел се традиционални македонски словенски песни – некои запаметени по предание, а други запишани во зборниците на народни умотворби.