Божинов: Граѓаните ќе ја потврдат победата од првиот круг, излезете масовно и изберете промени, да создадеме нова иднина за Ново Село

Преостануваат уште два дена од кампањата од вториот круг. Граѓаните да ја потврдат победата од првиот круг, и заедно да создадеме нова иднина, со реални промени и проекти кои ќе го подобрат живеењето на граѓаните на Ново Село, и ги повикувам граѓаните да знаат дека зад параванот се сами и да не подлегнуваат на притисоци и уцени кои ги користат власта, ова денеска преку изјава за медиумите го истакнува кандидатот за градоначалник од редовите од ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓе Божинов.

„Знам дека знаете дека ни претстои нова иднина, нови проекти и подобро општество кое заедно ќе го креираме, како на ниво на Македонија така и на ниво на Општина Ново Село, заокружете број 7 за Ѓорѓе Божинов за подобра Општина Ново Село“, вели Божинов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.