Министерка за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, упати честитка до сите граѓани по повод 8 Декември – Денот на патрон на македонската православна црква, прв словенски епископ, духовник, просветител и учител, Свети Климент Охридски.
Божиновска, како што соопшти Министерството, присуствуваше на чествувањето на Денот на големиот просветител и оддаде почит пред споменикот на Свети Климент Охридски во дворот на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Скопје
-Силата на еден народ лежи во писменоста, културата и духовноста. 8 Декември не е само ден за сеќавање и чествување, туку и ден за почит и разбирање на аманетот што ни го остави Свети Климент Охридски. Да го чуваме, негуваме и заштитиме споменот и делото на најголемиот македонски учител и духовник. Неговата мисија да создава, учи и просветлува е пример како се градат вредности што траат. Знаењето и човечноста остануваат најголемото наследство што можеме да го оставиме за идните генерации“, порача министерката, пишува Божиновска во четитката.