Видео: Божиновски, десната рака на Циц, уапсен за примање поткуп?

69

Вчера беше соопштено дека приведен е Виктор Божиновски кој се сомничи за корупција, откако полицијата утврдила дека примил сума на евра од странка, пишува порталот Курир.

Уапсениот за поткуп Виктор Божиновски е кумашин со Зоран Дамјановски и висок функционер на СДСМ, поранешен прв човек на СДСМ во Куманово. Тој е и поранешен директор на ЈП Водовод Куманово поставен од градоначалникот Зоран Дамјановски, кој со своето незаконско и недомаќинско работење во јавното претпријатие успеал да потроши во кафеани неверојатни 6.030.469 денари или близу 100.000 евра што беше обелоденето и скандализирано.

Исто така Божиновски како директор на ЈП Водовод Куманово во периодот од 2010, 2011 и 2012 година не ги наплатувал побарувачките од 5 угостителски објекти во Куманово по основ на потрошена вода, геодезија и извршени проектантски услуги, туку ги компензирал со обемни ручеци и седенки со своите пријатели и соработници.

Божиновски го остави ЈП „Водовод“ од Куманово во долг од 130 милиони денари во однос на снабдувачи и на судски пресуди. Дури 50 милиони денари изнесувал долгот кон „Водостопанство“ од Куманово, претпријатие, кое морало да го потврди долгот по пат на тужба и на судска пресуда.

Токму долговите и неисплатените обврски на ЈП Водовод се главната причина зошто Куманово остануваше без вода за пиење во летните периоди.

Сето ова беше толерирано од градоначалникот Зоран Дамјановски и со оглед дека наместо тргање од општината тој од Дамјановски беше награден со раководно место во правниот сектор на општината, многу веројатно неговиот шеф и кумашин градоначалникот Дамјановски стои зад ова и бил добро информиран за овие случувања.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.