9.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Божиновски: Извештаите велат дека нема друга држава освен Македонија која толку многу назадувала во последните 5 години

Политичкиот аналитичар Владимир Божиновски, во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за состојбата на Македонија и за извешатите кои излегоа каде истакна дека според извешатаите нема друга држава освен Македонија која толку многу уназадувала во последните 5 години.

-Во 2015 од 66 место да паднеш на 111 место во однос на перцепција на корупција е навистина поразително и мислам дека нема друга држава која толку многу уназадувала во изминативе 5 години. Ова е дополнително значајно за Македонија затоа што она парола „Нема правда, нема мир“ во 2015 година на Шарената револуција на СДСМ затоа што го слушнавме Заев дека тој ја конторлирал таа Шарена револуција, затоа што имаше луѓе кои имаа искрени желби дека нешто ќе се промени со тоа што ќе бидат таму, ситед о еден од нив се разочарани веќе подолго време. Тогаш беше идејата дека основната забелeшка на системот во времeто владеење на ВМРО-ДПМНЕ е дека немало доволно демократија, дека сме биле хибриден режим и дека сме биле корупмирана држава. Сега после 4 години владеење на СДСМ која тогаш протестираше, Македонија е далеку далеку полошо рангирана токму во овие параметри, рече Божиновски.

Политичкиот аналитичар потоа зборуваше и за економските парeаметри каде посочи дека Македонија сега е многу полошо рангирана за разлика во времто на претходната власт.

-Кога станува збор пак за економските параметри сме неспоредливо полоши , од оние листи на кои бевме на светски економски форуми каде Македонија беше во оние топ 10 реформатори за време на таа власт, а сега не нема воопшто, излезени сме од таа листа и тоа може да се види од странсите инвеститори колку Македонија е неатрактивна за тие инвестиции, уште ги чекаме Гугл и Фејсбук , и како и за се друго излезе дека е лажна вест, додаде Божиновски.