Божиновски: Предвремените парламентарни избори се единствено решение по делегитимирањето на СДСМ на локалните избори

Заев и СДСМ загубија легитимитет за водење на Владата, а сега со вчерашната постапка има дополнително губење на легитимитетот на СДСМ, рече аналитичарот Владимир Божиновски на гостувањето на телевизија Телма во емисијата Топ тема.

Според него каква и да излезеше ситуацијата од вчерашната седница јасно е кое ќе беше решението.

„Каков и да е беше исходот и да имаше и дебата на седницата од вчера на крај треба да има избори. Значи предвремените парламентарни избори се единствено решение од оваа ситуација во која владата е делегитимирана на локалните избори“, рече Божиновски.

И да се изгласаше недоверба, додаде Божиновски, ќе имаше некоја влада неколку месеци и ќе се одеше на ибори.

„Ќе се формираше привремена влада од 2 до 3 месеци па техничка или пржинска влада па ќе се одеше на избори“, рече Божиновски.

Божиновски се осврна која би требало да биде политиката на Македонија на меѓународната сцена.

„Без разлика која и да е влада во Македонија се знае која е основата. Декларацијата од Собранието за меѓународните прашања е основа за се понатаму, значи за сите актери на политиката“, рече Божиновски.