Божиновски:Заев го омаловажи народот, пред се гласачите на СДСМ

Зоран Заев не даде ниту еден валиден аргумент зошто не ги признава резултатите. Можеби се почувствува загрозен од поразот и во намера да спречи некој да побара одговорност од него тој ја насочи целата негативна енергија кон противникот, вели аналитичарот Владимир Божиновски за одлуката на претседателот на СДСМ Зоран Заев за непризнавање на изборните резултати.

Со овој потег Заев го омаловажи народот, граѓаните кои гласаа на изборите и пред се гласачите на СДСМ. Тој не ги признава нивните резултати и нивниот глас. Минатата година се направи обид да се надминат недореченостите меѓу двете партии. СДСМ го признаа тоа го прифатија, се беше во ред додека не се соопштија резултатите од првиот круг претседателски избори. Тука можеби Заев не го очекуваше резултатите и се излета со таа изјава. Без никакви аргументи никој не може да го прифати тоа што го бара- техничка влада и се друго што наброи. Може да се одржат само дополнителни избори ако се повлечат пратениците од СДСМ за да се одберат нови претставници на нивните места, вели аналитичарот Владимир Божиновски за Алфа телевизија, коментирајќи ја одлуката на СДСМ за непризнавање на изборите.