Божиновски: Причините за кризата беа измислени, СДСМ со купени гласови се доближи до ВМРО-ДПМНЕ (ВИДЕО)

Причината за најновата политичка криза во Македонија се фантомските гласачи кои и никогаш не беа пронајдени, рече политичкиот аналитичар Влатко Божиновски во емисијата „Во центар“ со Васко Ефтов.

 

„Причина за политичката криза, всушност беа тие фантомски гласачи. Оттука сé тргна“, истакна Божиновски. Според него, освен што фантомските гласачи биле причина за почеток на кризата, туку и за продолжување на кризата.

 

„Изборите беа закажани во април 2016. На двапати беа одложени. Исто така, причината беше наведена како фантомски гласачи. Основната причина и повод заради кој настана кризата, всушност се виде на крајот дека е непостоечка“, рече аналитичарот.

 

Новинарот Ефтов, пак, посочи дека во Македонија има криза веќе три години за на крајот на кризата да се види дека причините за таа криза се невалидни. Истакна дека околу 35.000 гласачи во Македонија не гласале во минатите десетина години, а на последните избори гласот го дале за СДСМ.

Ефтов праша што е тоа што може да ги натера луѓето кои не излегле повеќе од десет години на гласање, сега да излезат и својот глас да го дадат за СДСМ.

 

„Има некои причини, коишто се неполитички, неидолошки“, смета Божиновски.

 

На ова Ефтов праша дали можеби тие причини се финансиски.

 

„Не би сакал да шпекулирам. Јас секогаш работам со податоци, но има и таква теорија“, истакна аналитичарот, на што Ефтов се надоврза дека им е платено.

 

Водителот праша доколку може да се направи процена колку според таа основа гласале за СДСМ, за што Божиновски вели дека тоа е бројка од околу 20.000 до 25.000 гласови.

 

„Значи, со овие кои не гласале изминатите 10-15 години, и со овие кои на овој начин…, веќе доаѓаме до бројка од 60.000. Имаме потоа трета бројка. Тоа се оние ромски гласови кои се социјални гласови во третата, четвртата и втората изборна единица. Затоа им беа они вкрстени испитувања кои беа правени во Државната изборна комисија, па Фросина Ременски како министер за труд и социјална политика“, појаснува Ефтов.

 

Божиновски се надоврзува дека затоа и Министерството за труд и социјална политика била важна за СДСМ.

Според Ефтов, ВМРО-ДПМНЕ не паднала со гласовите толку многу во трета и четврта изборна единица, колку што се зголемила бројката гласови за СДСМ.

 

„Беа токму тие социјални групи ромски, турски, македонски кои се на работ на социјална егзистенција“, потенцира Ефтов, прашувајќи колку од тие групи СДСМ добила плус гласови.

 

„Во третата и четвртата мислам дека имаше по околу 7.000 до -8.000 гласови“, вели Божиновски, на што се надоврзува Ефтов, велејќи дека остатокот се албански гласови.