Нашa света должност е да бидеме мајка црква и да помогнеме за канонски статус на МПЦ

Во ситуација кога Македонската православна црква ја признава Бугарската православна црква-Бугарска патријаршија (БПЦ-БП) за своја црква-Мајка, БПЦ-БП го смета за своја света должност ангажманот да понуди целосна соработка, посредство и застапување пред помесните православни цркви, преземајќи сѐ што е неопходно за утврдување на канонскиот статус на МПЦ, пишува во одлуката на Светиот синод на БПЦ за писмото од МПЦ-ОА.

Синодот на БПЦ на денешното заседание во комплетен состав го разгледа писмото од архиепископот на МПЦ, г.г. Стефан. БПЦ никогаш не била рамнодушна кон страдањата на Македонската православна црква, поради што се разговараше. Во ситуација кога Македонската православна црква ја признава Бугарската православна црква-Бугарска патријаршија (БПЦ-БП) за своја црква-Мајка, БПЦ-БП го смета за своја света должност ангажманот да понуди целосна соработка, посредство и застапување пред помесните православни цркви, преземајќи сѐ што е неопходно за утврдување на канонскиот статус на МПЦ. Формирана е ерхиерејска комисија за преговори со МПЦ и со останатите помесни православни цркви за воспоставување на канонски статус на МПЦ, пишува во одлуката на Синодот на БПЦ што ја пренесува БГНЕС.

Во понеделникот, исто така, била одредена синодалната архиерејски комисија за преговори со МПЦ и другите помесни православни цркви која ја сочинуваат Великопреславски митрополит Јован, Неврокопско митрополит Серафим, Русенски митрополит Наум и Врачанскиот митрополит Григориј.

Претходно, пред почетокот на седницата бугарскиот патријарх Неофит изјави дека треба да се прифати подадената рака на Македонија.