Брајан Меј е прогласен за најдобар гитарист во историјата

Читателите на сп. „Total Guitar“ го прогласија Брајан Меј на британскиот бенд „Квин“ за најдобар гитарист во историјата.

„Немам зборови! Навистина меизненади ова прво место! “, прокоментира Брајан Меј.

Џими Хендрикс е веднаш зад Брајан, а Џими Пејџ е на третото место.

Меј истакна дека за него најдобар гитарист на сите времиња останува Џими Хендрикс.

„Тој правеше нечовечки работи! Тоа беше како тој да е од друга планета. И никогаш не разбрав како точно ги прави“, додаде тој.

Ван Хален и Ерик Клептон ги надополнуваат првите пет на највиртуозните гитаристи.