Брајтон го откажа Арсенал од трката за титула – Манчестер Сити на чекор до титулата! (ВИДЕО)

Брајтон го откажа лондонски Арсенал и од теоретската трка за титулата, после денешната победа со 3-0 на „Емирати“, па актуелниот англиски првак Манчестер сити е на победа до крунисување за старо-нов шампион.

Хулио Енкисо шест минути по стартот на вториот дел им го најави поразот на „топчиите“, а Дениз Ундав четири минути пред крајот ја најави убедливата победа, а Еступињан во 96-та стави печат на триумфот по кој Брајтон дојде до шестото место и позиција за Европа, а Арсенал остана на четири бода зад Манчестер сити со меч повеќе од „граѓаните“.