Брачен пар нападнати и малтретирани додека спиеле

Полицијата од Гостивар поднесе кривична пријава против А.А. (40) одАлбанија и против три непознати лица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.

-Пријавениот и трите лица на 20-ти месецов околу 1 часот, со употреба на физичка сила влегле во  куќа сопственост на Ш.Б. и А.Б., во момент кога оштетените спиеле. Пријавените од креветот го извлекле Ш.Б. и му ги врзеле рацете, а на А.Б. и ја затвориле устата со рака, и ги врзале рацете, заканувајќи им се на висок тон да не викаат, барајќи им пари, информираат од полицијата.

Едно од лицата одзело елек во кој имало 1.300 денари и мобилен телефон на оштетениот Ш.Б., а на оштетената А.Б. и ги извадиле двете златни алки од рацете и една златна огрлица, по што пронашле и женска чанта во која имало паричник со по една банкнота од 50 евра, 20 евра, 50 швајцарски франци и две банкноти од 20 швајцарски франци.

Судија на претходна постапка на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.