Брачен пар по 47 години брак, умреле од ковид-19 во иста минута

66

Патриција и Лесли МекВатерс биле заедно 47 години. Формирале семејство, израснале деца, чувале внуци и правнуци. Минатата недела починале од последици на ковид-19 во иста минута.

– Буквално сѐ работеа заедно. Иако тешко не погоди нивната смрт, сега кога ќе размислам тоа не е толку изненадувачки бидејќи цело време беа заедно – вели Џоана Сиск, една од нивните две ќерки.

На прв поглед изгледале доста различни.

– Таа беше пенизонирана медицинска сестра која не прифаќала глупости, а тој забавен возч на камион. Но заедничка им била нивната искрена добрина и грижа за другите луѓе – вели Сиск.

Кога Патриција се заразила со коронавирусот, отишла во болница, но тие ја пратиле дома и и кажале да се самоизолира. Иако се чувствувала многу лошо, по 35 години работа како медицинска сестра не ги преиспитувала одлуките на лекарите.

Идната недела и Патриција и Лесли завршиле во болница, им било толку лошо што морало да бидат пренесени со Итна помош. Во болница биле една недела, а потоа починале.

Според болничкиот персонал, тие починале во иста минута, и на едниот и на другиот впишано е исто време на смтр: 24. ноември 2020 во 16.23 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.