Брачна двојка ја нападнала сосетката во Ваташа

Педесет и осумгодишната Д.С. од Ваташа кај Кавадарци вчера вечерта пријавила дека околу 17.15 часот на улицата „Диме Чекоров“ во Ваташа, Кавадарци во нејзиниот двор од семејна куќа, по претходна расправија била физички нападната со дрвен предмет од нејзините соседи Б.П. и неговата сопруга Б.П. која ѝ упатувала навреди и закани, информира МВР.

Од нападот пријавителката се здобила со повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.