Брачни совети кои не треба да ги слушате

Оној момент кога ќе го кажете судбоносното „да“, не значи дека сте ја запечатиле среќата до крајот на животот. Во бракот треба да вложувате секојдневно.

Понекогаш во бракот имате проблеми. Покрај сите напори, ситуацијата не се подобрува. Вашите најблиски го забележуваат тоа и се трудат да ви помогнат. Меѓутоа, ова се три совети кои никогаш не треба да ги послушате.

Во ред е ако немате секс

Недела, две, еден месец без секс, не мора да значи дека имате проблеми во бракот. Но, доколку сексот изостанува веќе подолг период, тоа е знак дека имате проблеми со партнерот.

Разговарајте со вашиот партнер за овој проблем, затоа што љубовта е столб на секоја успешна врска и брак.

Секој момент треба да биде посебен

Не сте расположени за романтика. Тоа е сосема во ред. Не мора секоја вечер да излезете на вечера, да запалите свеќи или да постелате рози. Убавината може да ја пронајдете и во секојдневните активности доколку се сложувате со партнерот.

Детето ќе ги реши сите проблеми

Овој совет често ќе го слушнете кога нечиј брак поминува низ бурен период, меѓутоа овој совет не смеете да го послушате никогаш. Ако поминувате низ тежок период, детето ќе ги реши вашите проблеми, но само за краток период. Откако ќе помине возбудата, ќе се вратат сите проблеми, а ќе се појават и нови бидејќи родителството е стресно.