Бран на нови мутации на омикрон се шири во Европа

Нов бран на Ковид-19 предизвикан од мутации на омикрон се шири во Европа, предупредува официјално лице од Агенцијата за лекови на ЕУ.

Шефот на одделението за вакцини во оваа агенција Марко Кавалери, истакнува дека порастот на преносите меѓу постарите старосни групи почнува да се создава во сериозна болест.

Зголемувањето на бројот на позитивни случаи по извршените тестирања е предизвикано од мутациите BA.4 и BA.5 подваријанти на Омикрон.

Европската агенција во април советуваше лицата над 80 години да добијат друга вакцина. Тоа сега се препорачува и за луѓето на возраст меѓу 60 и 79 години и медицински загрозени поради било која здравствена причина.

Кавалери вели дека новиот бран е над ЕУ.