Бранко е првиот Балканец кој ја проба вакцината против ковид-19

Во раната фаза на тестирањето на вакцината против ковид-19 која се развива на Универзитетот Оксфорд учествуваат 1.077 доброволци, меѓу кои и еден Балканец, Босанецот Бранко Рихтман, научник и микробиолог на Универзитетот Ворвик, Англија.

Примив вакцина, по што ме задржаа за да ги следт моите реакции и дали ќе имам некакви нус-појави. Сè беше во ред, па можев да замина мдома. Секоја недела сам си земам брис и го праќам на проверка, поточно да се направи ПЦР тест, раскажува Бранко.

Потоа на 30 дена, три, шест и 12 месеци ќе се направат и анализи на крвта за да се провери дали се развиени антитела.

Тој потенцира дека се одлучил на овој чекор зошто вакцината е навистина потребна и дека тешко ќе се вратиме во нормала без неа.