Бранот на мигранти носи нови предизвици

Поради мигранскиот бран кој ја зафати Европа, Македонија засега е во својство на транзитна држава, со можност тоа во иднина да се промени, и да почнат мигранти од различни азиски или африкански земји да се задржуваат во Македонија. Премиерот при денешниот говор порача дека мораме да се соочиме и справуваме со проблемите и заканите на денешното време.

Тоа е и доправа ќе биде сериозен предизвик. Ако некој мисли дека оваа мигрантска криза е некаков бран на мигранти кој ќе помине набрзо, се лаже. Ова е само почеток на еден вид нова голема преселба на народите, која допрва ќе добие замав. Засега добро се справуваме, но предизвиците ќе растат. Ќе бидат потребни дополнителни напори, мерки, и политики. Заканите од тероризмот демнат над нас, како и над цела Европа. Радикалните групации отворено се закануваат, а повремено и дејствуваат. Мораме да ги јакнеме нашите капацитети во справувањето со нив, и мораме да се справуваме со нив. Неодамнешните настани во Куманово, и повремените фрлања бомби или гранати, се само потсетник дека ваквиот вид закани не е само некаде далеку од нас, во Франција, или во Белгија, во Норвешка или во Америка, во Ирак или во Сирија. Тие може да дојдат и во нашата улица, пред нашиот влез на зграда или куќа и да ги загрозат нашите животи и животите на нашите блиски, изјави премиерот.

Премиерто додаде дека не смееме да бидеме пасивни на овие движења и мораме колку што е можно превентивно и активно да делуваме. Во тој правец треба да работиме на зајакнување на нашите одбранбени и безбедносни сили, бидејќи кога доаѓаат заканите, тие се на браникот на одбраната.

Секојдневно стотици мигранти се обидуваат да влезат на територијата на Република Македонија.