Братот на Џорџ Буш помладиот ќе се кандидира за претседател на САД

Џеб Буш, синот на претседателот Џорџ Буш постариот и брат на претседателот Џорџ Буш помладиот, најверојатно ќе се кандидира на следните американски претседателски избори.

Според изјавите на неговиот син Џорџ П. Буш, кој се кандидираше за комесар за земјиште во Тексас, Џеб Буш „се уште“ размислува за претседателската кандидатура, но голема е веројатноста да се кандидира.

Според Џорџ П. Буш неговото семејство ќе биде целосно со неговиот татко, ако одлучи да се кандидира за претседател.