Братот на Есад Рахиќ фатен со дрога во рака пред АБЦ! (ВИДЕО)

Братот на Есад Рахиќ, поранешен пратеник во Собранието на Р.Македонија од редовите на СДСМ, Сеад Рахиќ вчеравечер е уапсен во рација на полицијата заедно со уште две лица, под сомнение дека организирал криминал група, која вршела продажба на кокаин на наркозависници од Скопје, но и пошироко.

Порталот Инфомакс објави ексклузивна снимка од апсењето на Сеад Рашиќ.

Според информации од истрагата, криминалната група, организирана од Сеад Рахиќ, од ноември, лани, до денеска континуирано вршела продажба на кокаин низ цело Скопје, но и надвор од градот, и тоа по цена од 3.000 до 4.500 денари за една паковка, или меѓу зависниците популарно наречена „пакетче“.

Полициската истрага засега утврдила дека осомничените дрогата ја набабувавале од, во моментов, непознато лице од Србија, и тоа во количество меѓу 100 и 200 грама. Македонската полиција интензивно работи на идентификција на српскиот добавувач на осомничените скопски наркодилери.