Братот на Рама: Немам ништо со инцидентот со леталото

Братот на албанскиот премиер Еди Рама, Олси Рама изјавил дека нема никаква поврзаност со инцидентот со леталото од кое се вирееше знамето на Голема Албанија за време на фудбалскиот натпревар Србија-Албанија.

Тој денеска пристигнал во Тирана и ги отфрлил сите обвиненија.

– Немам ништо со леталото. Не разбирам од каде е таа приказна, изјавил Рама.

По инцидентот вчера тој беше приведен на стадионот околу 40 минути, а потоа пуштен. Рама ги оквалификува како „шпекулации“ на српски медиуми обвиненијата дека тој го организирал инцидентот и оти управувал со леталото.

– Не сум ниту апсен ниту приведен. Кога се случи инцидентот ситуацијата стана хаотична и полицијата сите ги претресуваше. Им го покажав американскиот пасош и камерата. Тоа траеше неколку минути, тврди Рама кој во Тирана пристигна со делегација на албанската репрезентација. Селекцијата на аеродромот Ринас ја дочекаа неколку министри и неколку илјади навивачи.