Дуелот помеѓу локалните и директни ривали, но во борбата за опстанок во германската Бундес лига, пресметката помеѓу екипите на Брауншвајг и Хановер, заврши со убедлив триумф на домаќинот од 3:0.
Брауншвајг и понатаму е фенерџија на првенствената табела, со освоени 25 бода, но сега има само три бода помалу од тимот на Штутгарт кој е над линијата која означува пласман во германската Втора лига.
Без победник, 1:1, заврши последниот натпревар од 29. коло во германската Бундес лига, дуелот во Берлин помеѓу екипите на Херта и Хофенхајм.