Бразил: 16 фудбалери на Васко да Гама позитивни на коронавирусот

10
(AP Photo/Eric Gay)

Еден од најголемите бразилски фудбалски клубови Васко да Дама објави во понеделникот дека 16 негови фудбалери се позитивни на коронавирусот и се оддалечени од групата која подоцна треба да започне со тренинзите.

Клубот од Рио де Жанеиро објасни дека во неделата извел вкупно 350 тестови меѓу играчите, членовите на нивните семејства и меѓу техничкиот и административниот персонал на клубот и дека 30 отсто од тестираните веќе биле во контакт со вирусот.

Во овие 30 проценти се и 16 игрчи, коишто веднаш се ставени во изолација, додека три други фудбалера веќе оздравеле претходно.

„Позитивните фудбалери редовно ќе бидат следени и ќе можат да им се приклучат на тренинзите дури откако ќе бидеме сигурни дека од нив не се заканува опасност дека вирусот ќе го пренесат на остатокот од клубот“, изјави клупскиот лекар Маркос Тешеира.

На почетокот од мај тројца играчи на Фламенго, вториот клуб од Рио де Жанеиро, беа позитивни на вирусот,.

Во Бразил фудбалските натпревари беа прекинати на средината од март, поради пандемијата на коронавирусот од кој починаа речиси 30.000 лица. Со 53.388 случаи на заразата и 5.344 починати, сојузната држава Рио е втората според бројот на заразени по државата Сао Паоло.

Во некои сојузни јужни држави, кои немаат толкав број заразени, фудбалските клубови започнаа со тренинзите на почетокот од мај, додека клубовите од државата Рио може тоа да го сторат од понеделник, додека во државата Сао Паоло сѐ уште е на сила забраната за тренинзи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.