Бразил ја обвини Венецуела дека испушта нафта на плажите

Бразилскиот министер за рударство и енергетика Бенто Албукерке изјави денеска дека Владата не го открила потеклото на мистериозната нафта што се појави на бразилските плажи.

Меѓутоа, официјален претставник рече дека таа има „својства на венецуелската нафта“.

Претходно, венецуелското Министерство за нафта и државната нафтена компанија „Петролеос де Венецуела“ во заедничка изјава соопштија дека таа земја не е одговорна за излевањето на нафтата што го загади северозападниот брег на Бразил во текот на септември.