Бразил без Данило до крајот на Мундијалот

157

Дефанзивецот на „Манчестер Сити“, Данило го заврши настапот на Мундијалот и нема да може да им помогне на соиграчите на вечерашниот натпревар против Белгија, потврдија од бразилската репрезентација.

Дваесет и шестгодишниот одбранбем фудбалер вчера на тренинг ги повредил лигаментите на зглобот на левата нога и по деталните лекарски прегледи е заклучено дека до крајот на првенството нема да може да се стави на располагање на селекторот Тите.

Данило го одигра целиот натпревар против Швајцарија на старот на Мундијалот, но поради повреда не настапи во последните два натпревари на „Кариокие“ против Србија и Мексико.

Данило инсистирал да остане со тимот до крајот, а неговото место во тимот ќе го замени Фагнер.
Фудбалерот на „Сити“ кариерата ја почна во „Америка Минеиро“, па потоа играше во „Сантос“, „Порто“ и „реал“ од каде во јули лани се пресели на „Етихад“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.