Бразил: Бројот на жртви во поплавите достигна 64 лица

Бројот на загинати во поплавите во Бразил достигна 64 лица.

Најмногу загинати има во државата Минас Жераис. Најмалку 19 лица се водат како исчезнати, а повеќе од 60.000 биле принудени да ги напуштат своите домови поради водената стихија.

Гувернерот на државата прогласил вонредна состојба во 101 општина.

Според проценката на бразилските власти, се очекува поројните дождови да се намалат, но останува опасноста од нови свлечишта.