Бразил го потопи стариот носач на авиони во Атлантикот

Бразилслките власти го потопија деактивираниот носач на авиони во Атлантскиот Океан, во близина на својот североисточен брег, соопшти бразилската морнарица и покрај предупредувањата од еколозите дека ‘рѓосаниот француски брод изграден во 1960-те ќе ги загади морето и морскиот синџир на исхрана.

Бродот тежок 32.000 тони плуташе три месеца откако Турција го забрани неговиот влез. бидејќи претставуваше опасност за животната средина, па бродот беше влечен назад во Бразил.

Носачот беше потопен на „планиран и контролиран“ начин доцна во петокот што „избегна логистички, оперативни, еколошки и економски загуби за бразилската држава“, се вели во соопштението на морнарицата.

Трупот на носачот на авиони „Сао Паоло“ е потопен во бразилските води на 350 километри од брегот, каде што морето е длабоко 5.000 метри. Местото е избрано за да се ублажат негативните влијанија врз рибарството и екосистемите, соопшти морнарицата. Изграден пред 50 години во бродоградилиштето Сен-Назер на западот од Франција, носачот „Foch“ од класата „Clemanso“ 36 години беше во служба на француската воена морнарица.

Федералните обвинители и еколошката организација Гринпис побараа од бразилската влада да го запре тонењето, велејќи дека тоа е „токсично“ поради опасните материјали, вклучително и девет тони вграден азбест.

Воениот експерт Пепе Резенде вели дека носачот на авиони го купила бразилската морнарица за само 12 милиони долари во 1998 година, но барала инвестиција од 80 милиони долари за реновирање кои никогаш не биле извршени.

Одлуката е спорна бидејќи трупот на бродот долг 266 метри е исполнет со магнети, полихлорирани бифенили (PCB) што е забрането од 1987 година, како и со жива и со други токсични материи кои се високоризични за живиот свет во морето, наведуваат организациите за заштита на природната средина.

Откако носачот беше деактивиран, турската компанија за рециклирање на бродови „Sök Denizcilik Tic Sti“ го купи трупот за 10,5 милиони долари, но мораше да го повлече назад преку Атлантикот откако турските власти му забранија на бродот да впловува во пристаништата.

Бразилската морнарица соопшти дека побарала од компанијата да го поправи носачот во бразилско бродоградилиште, но откако инспекцијата покажала дека е во опасност да потоне, морнарицата му забранила на бродот да влезе во бразилските пристаништа. Потоа е одлучено бродот да потоне на отворено море.

Правниот застапник на компанијата во Бразил, Зилан Кошта де Силва, рече дека отстранувањето е одговорност на бразилската држава според Базелската конвенција за прекуграничен сообраќај со опасен отпад од 1989 година.