Бразил и Србија ќе играат во финалето на СП

Селекциите на Бразил и Србија ќе ги одмерат силите за титулата на Светското првенство во ракомет , што се одржува кај нашиот северен сосед . „Кариоките“ славеа со убедливи 27:21 во полуфиналната пресметка против Данска.

Бразилките, кои се без пораз во досегашниот тек од Мундијалот, одиграа одличен меч во кој целосно го диктираа темпото и го контролираа резултатот. Данска се приближи единствено околу 20. минута (10:9), но не успеаја да направат целосен пресврт.

Бразил и Србија ги одмерија силите во рамките од првата рунда во Ниш, кога „кариоките“ славеа над домаќинот со 25:23.