Бразил и Венецуела во четвртфиналето на Копа Америка

Селекциите на Бразил и Венецуела се пласираа во четвртфиналето на јужноамериканското фудбалско првенство Копа Америка од Групата А, откако во саботата Бразил убедливо со 5:0 го победи Перу, а Венецуела ја избори втората позиција со победата од 3:1 над Боливија.

Во Сао Паоло „Селекао“ го реши натпреварот во првите половина час од играта со голема помош на перуанскиот голман Гаљесе, кој лошо реагираше во сите три ситуации. Во 12 минута Гаљесе остана кус по корнерот на Бразил, а топката зад неговиот грб ја смести Каземиро, седум минути подоцна голманот на Пери го погоди Роберто Фирмињо од кого топката се одби во стативата а потоа му се врати нему и тој без проблеми ја затресе мрежата. На 3:0 во 32 минута зголеми Евертон со удар од 20-ина метри откосо во поблискиот агол на заспаниот Гаљесе. Четвртиот погодок го постигна Дани Алвеш во 53, а конечните 5:0 ги постави Вилијан во 90 минута.

Венецуела по двете ремија без голови во првите два меча, во саботата во Бело Хоризонте стаса до водство уште во 2 минута преку Дарвин Мачис, а истиот играч во 55 минута зголеми на 2:0. Боливија намали во 82 минута преку Леонел Хустианинот Арауз, но конечните 3:1 за Венецуела четири минути подоцна ги постави Жозеф Мартинез.

Првото место го освои Браил со седум бодови, Венецуела е втора со пет, а на пласман во четвртфиналето може да се надева и третиот Пери со четири бодови, бидејќи натаму одат две од три третопласирани репрезентации од сите групи. Биоливија го заврши натпреварувањето на последното место нез бодови.

За Венецуела ова ќе биде четвртото четвртфинале во историјата на Копа Америка, а сите четири ги оствари на последните пет изданија на најстарото меѓународно фудбалско натпреварување на светот. Најдобриот резултат го оствари во 2011 година во Аргентина, кога беше четврта.