Бразил ја освои деветтата титула на Копа Америка

Фудбалската репрезентација на Бразил по деветти пат ја освои титулата првак на Јужна Америка, откако во финалниот дуел на легендарната „Маракана“ во Рио де Жанеиро го победи Перу со 3:1.

Головите за „Селекао“ ги постуигнаа Евертон во 15 минута, Габриел Жезус во третата минута од судиското продолжение на првото полувреме и Ричарлсисон во 90 минута од пенал, додека погодокот за Перу го постигна Пауло Гереро во 44 минута, исто така, од пенал. Бразил од 70 минута играше со играч помалку, откако беше исклучен Жезус поради втор жолт картон.

За Бразил ова беше 20-то финале на Копа Америка и деветта титула, прва по 2007 година, додека Перу во своето трето финале го впиша својот прв пораз откако славеше во 1975 и 1939 година. Ова беше 46-та меѓусебен натпревар меѓу Бразил и Перу со само четири перуански победи.

Вкупно осум селекции ја освојувале титула првак на Јужна Америка. Рекордер е Уругвај со 15 титули, а Аргентина има една титула помалку, додека Бразил сега е трет со девет пехари. Ова беше петтата Копа во организација на Бразил, а рекордер е Аргентина која десет пати го организираше натпреварување на најдобрите репрезентации во Јужна Америка.

Најмногу во финалните дуела играча Аргентина, во 28 со по 14 победи и порази. Уругвај има 21 финалиња, од кои 15 победи и 6 порази, а Бразил играл во 20 завршни натпревари во кои има 9 победи и 11 порази.

Најмногу медали освоиле Аргентинците, вкупно 33 медали, по 14 злата и сребра и 5 бронзи. Уругвај, пак, е рекордер и по бројот на меѓу четирите најдобри екипи, дури 35 пати „Ла Селесте“ биле во првите четири селекции. Аргентина е на второто место со 35 пласмани меѓу четирите најдобро, следат Бразил со 30, Парагвај со 22 и Чиле со 21 пласман.

На Копа досега настапија досега и десет гостински селекции: Австралија, Костарика, Хаити, Хондурас, Јамајка, Јапонија, Мексико, Панама, САД и Катар. Досега најдолго дотурка Мексико, кое двапати играше во финале, во 1993 и 2001 година, но и двата пати беа поразени. Мекскико има и три трети места.