Бразил мина 195.000 починати од Covid-19

Во Бразил во последниот 24-часовен пресек кон петокот по локално време регистрирани се 24.605 нови случаи на зараза со коронавирусот, а како последици од компликациите починале уште 462 лица, соопшти брзилското министерство за здравство.

Според официјалните податоци, во Бразил од почетокот на епидемијата на коронавирусот заразени се 7.700.578 лица, со што земјата е на трето место во светот зад САД со над 20 милиони и Индија со 10,3 милиони потврдени коронаинфекции.

Со новите смртни исходи, Бразил бележи 195.411 починати лица од последиците на компликациите кои ги предизвикува Covid-19, со што е втората најпогодена земја во светот зад САД со 356.388 смртни случаи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.