Бразил на само еден чекор од финалната пресметка

Домаќинот на јубилејното 20. Светско првенство, репрезентацијата на Бразил ќе и биде противник на Германија во првиот полуфинален дуел кој ќе се одигра на 8 јули во Бело Хоризонте со почеток во 22:00 часот.

Популарните “кариоки” ја оправдаа фаворитската улога во вториот четвртфинален дуел и сосема заслужно со 2:1 ја победија и ја елиминираа селецијата на Колумбија.

Веќе во 7 минута, Бразил дојде до посакуваното водство со погодокот на Тиаго Силва, а вистински еврогол од слободен удар во 69 минута постигна новиот фудбалер на ПСЖ, Давид Луиз.
Почесниот погодок за Колумбија, вкупно шести на Мундијалот, беше дело на малдиот играч за врска, Џејмс Родригез.

“Сите сме тажни. Така е на крајот, емоциите излегуваат на површина. Загубивме од Бразил, им честитаме за триумфот, но не треба да бидеме тажни. Треба да бидеме горди на тоа што го покажавме. Истото му го реков и на Џејмс Родригез. Тој стана симбол на овој мундијал“, изјави по натпреварот селекторот на Колумбија, Хозе Пекерман.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.