Бразил планира вакцинираните да не мора да носат маски

17

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро најави во четвртокот дека министерството за здравство подготвува мерка со којашто на вакцинираните лица ќе им се овозможи повеќе да не мора да носат заштитни маски.

Болсонаро, зборувајќи на настан од сферата на туризмот, оцени и дека карантините треба да бидат само за заразените лица, а и од порано се противеше на мерките за затворање, блокирања на општините и социјалната дистанца, и покрај тоа што Бразил е втората земја во светот според смртноста во пандемијата на коронавирусот.

Во врска со туристичката индустрија во Бразил, Болсонаро рече дека пандемијата го одовела овој сектор на „интензивна нега“, но дека сега закрепнува.

Според податоците на бразилското министерство за здравство, во последното деноноќие од средата до четвртокот во земјата се регистрирани 88.092 нови зарази со коронавирусот и 2.504 смрти исходи како последица на компликациите кои тој ги предизвикува.

Со тоа вкупниот број заразени од почетокот на пандемијата во оваа латиноамериканска земја се зголеми на повќе од 17,2 милиони, додека официјалниот број чинати порасна на малку повеќе од 482.000 луѓе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.