Бразил се “извлече”, Колумбија доживеа пораз

Синоќа беа одиграни нови два натпревари од Копа Америка, во рамките на групата Ц.

Бразил многу потешко од очекувањата славеше против Перу, со 2:1. Куевас во 3-та минута ги доведе Перуанците во водство, но Нејмар веднаш израмни, во 5-та минута. Со овој резултат се играше до 91-та минута, кога на асистенција на Нејмар, погоди Даглас Коста.

На другиот меч Венецуела успеа да забележи изненадувачка победа против Колумбија, откако со погодокот на Рондон во 60-та минута ги освои првите бодови на овој турнир.