Бразил се заканува со излегување од СЗО

Крајно десничарскиот претседател на Бразил, Жаир Болсонаро, се закани со излегување од Светската здравствена организација (СЗО), и покрај тоа што состојбата со пандемијата на коронавирус во неговата земја станува сè полоша.

„САД ја напуштија СЗО, и ние размислуваме за тоа. Или СЗО ќе работи без идеолошка пристрасност или ќе ја напуштиме. Не треба странци да ни кажуваат за нашето здравје“, изјави Болсонаро.

Бразил во четвртокот се искачи на третото место според бројот на жртви од коронавирус, со повеќе од 34 илјади починати.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.