Бразил стана „лабораторија“ за развој на нови соеви на коронавирусот

Пандемијата на Covid-19 во Бразил останува надвор од контролата на тамошните здравствени власти, со што земјата се претвора во гигантска „лабораторија“ за развој и ширење на нови соеви на коронавирусот, оценува Доминго Алвеш, професор на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Сао Паоло.

Пред една седмица Институтот „Бутантан“ објави дека идентификувал три нови соеви на коронавирусот SARS-CoV-2 во земјата, меѓу кои и ткн јужноафриканската и амазонската варијанта.

„Имаме ‘совршена бура’, бидејќи истовремено покрај високото ниво на заразата не постои санитарна контрола. Се претворивме во идеална лабораторија. Веќе познатата листа со нови соеви е само врвот на ледениот брег, би требало да ги има многу повеќе“, вели во разговорот за РИА, професорот Алвеш.

Го истакнува особено како опасен ткн амазонскиот сој (познат како P.1) на коронавирусот, кој првпат беше идентификуван во амазонскиот град Манаус. Алвеш вели дека по неговата појава Брзил доживува „пресврт во сценариото“, кога сѐ повеќе млади луѓе меѓу кои и бремени жени, почнуваат да влегуваат во ризичната група.

„Варијантата (на вирусот) од Манаус се прошири низ целата земја, бидејќи никој ништо не контролира. Идентификувањето на новите соеви е спорадично, кога зборуваме за мутациите, неопходно е да ги претпоставуваме најлошиот можен развој на настаните“, предупредува бразилскиот научник.

Според него, како уште еден фактор на ризикот е појавата на новите соеви во текот на кампањата на имунизацијата на населението. Контактите на вирусот со вакцинираните луѓе создаваат биолошки притисок, кој доведува до понатамошни мутации кај веќе мутираниот вирус и може да доведе до појава на соеви коишто го пробиваат „штитот од антитела“.

Бразил е една од најтешко погодените земји во пандемијата на коронавирусот. Вкупно од почетокот потврдени се 14.754.910 случаи на зараза со коронавирусот, од кои 407.639 пациенти со потврдена Covid-19 починале како последица на компликациите.