Бразилецот Квен да Силва Инасио засилување на Шкупи

Претендентот за шампионската титула во македонското фудбалско првенство Шкупи потпиша двегодишен договор со бразилскиот играч за врска Квен да Силва Инасио и соопшти дека станува збор за „едно од најдобрите засилувања“ во своите редови.

– Многу сум среќен и мотивиран да играм во овој тим. Ќе работам напорно и ќе дадам сè од себе за овој дрес. Намерите на Шкупи се јасни и затоа сум тука. Ќе се бориме да станеме шампиони и ќе се погрижиме нашите навивачи да бидат среќни и горди на својот тим, изјави 23-годишниот Бразилец на денешната промоција Инасио, кој доаѓа од редовите на бразилскиот клуб Атлетико Монте Азул.

Шкупи утре заминува за Анталија каде ќе ги продолжи подготовките за пролетниот дел од сезоната во која прволигашот од Чаир влегува како првопласирани на табелата.