Бразилската Влада упати апел до медиумите да не шират страв

По телевизискиот прилог за масовна гробница во близина на градот Манауса во бразилската џуннгла, секретарот на бразилската Влада Луиз Едуардо Рамос апелираше медиумите да прекинат да емитуваат прилози со мртвечки сандуци и безживотни тела на жртвите од Ковид-19.

Тој наведе дека емитувањето на такви прилози и објавувањето негативни вести придонесува да се шири страв помеѓу граѓаните на Бразил, каде досега од последици од новиот коронавирус починаа над 45.000 луѓе.

Во еден од прилозите емитуван на бразилската телвизија, градоначалник на еден град во Амазонија плачеше за време на интервјуто, истакнувајќи оти медицинските работници се доведени во ситуација да мораат да одлучуваат кого од инфицираните со новиот коронавирус да спасат од смрт.