Бразилски министер со жестоки навреди за Макрон

Foto: Clauber Cleber Caetano / PR

Францускиот претседател Емануел Макрон, кој предничи во притисоците врз бразилскиот колега по должност Жаир Болсонари за справувањето со огнената стихија која ја голта Амазонија, беше во неделата грубо навредуван на Twitter во Бразил, а меѓу навредливите објави се истакнаа оние од бразилскиот министер за образование.

„Макрон не е дораснат за оваа дискусија. Тој е опортунистичко копиле (португалски „calhorda“) кое ја бара поддршката од француското аграрно лоби“, напиша бразилскиот економист и универзитетски професор кој е актуелен министер за образование, 48-годишниот Абрахам Браганса де Васконшељос Веинтрауб.

Со тоа тој алудираше на притивењето на францускиот претседател Емануел Макрон на договорот за слободна трговија меѓу Европската унија и земјите од групата Меркусур, која ја сочинуваат Аргентина, Бразил, Парагвај и Уругвај.

„Франција е земја на екстремите. Даде луѓе како Декарт и Пастер, но и колаборационисти“ со германските нацисти во Втората светска војна, додаде во друга објава Веинтрауб. А потоа продолжува „Избраа (Французите) претседател без карактер“ и „тој кретен Макрон треба да биде нападнат“.

Олаво де Карваљо, бразилски писател кој живее во САД и се смета за „гуру“ на претседателот Жаир Болсонаро, на Twitter се поигрува со презимето на Макрон, нарекувајќи го „Макрокон“, од Макрон и „кон“ што од француски се преведува и како „глупав“.

Покрај тоа, интернетот беше преплавен и со реакциите од лажниот профил на Жаир Болсонаро во кој предмет на потсмев беше физичкиот изглед на првата дама на Франција, 66-годишната Брижит Макрон, која ја споредуваа со нејзината бразилска „колешка“ 37-годишната Мишел Болсонаро.

Синот на Жаир Болсонаро, пратеник и можен нов бразилски амбасадор во Вашингтон, во петокот делеше видеоснимки од насилните протести и полициската бруталност во текот на демонстрациите на Жолтите елеци во Франција, со текстот „Макрон е идиот“.

Пожарите кои беснеат во Амазонија долеаја масло врз бразилско-француските односи кои се затегнаа откако на власт во Бразил дојде претседател од крајната десница. Жаир Болсонароо деновив во врска со критиките од Макрон рече дека францускиот претседател има „колонијален менталитет“, а овј му возврати дека „лажел“ во врска со своите климатски обврски.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.